Живот
17. March 2016 - 9:25

Генијален трик: Како да се ослободите од темните кругови под очите

Даршика Пател, корисничка на Јутјуб од Нов Зеланд, објавила видео за кое ќе и бидат благодарни сите кои сакаат да седат до доцна и оние кои никогаш не можат да се наспијат.
 
Поточно, Пател во видеото објаснува како може да го решите проблемот со подочниците користејќи сода бикарбона и вода.
 
Се што треба да направите е да додадете неколку капки вода во пакетче сода бикарбона за да се направи смеса во лик на паста.
 
После тоа пастата нанесете ја под очите со лажица , но внимавајте да не ја ставите блиску до очите.
 
Оставете ја смесата да се исуши 10 минути, а потоа отстранете ја со влажна крпа.