Живот
14. November 2016 - 9:12

Генијален постер на починатите во 2016 година

Твитерџиката Кристи Баркер ги освои симпатиите на интернет со својот величенствен колаж со ликовите на славните личности кои од оваа година веќе не се меѓу нас.

На постерот се наоѓаат повеќе од 40 музичари, спортисти, глумци и ТВ лица кои починаа годинава, а креативната девојка инспирацијата ја добила од обвивката на „Sgt' Peppers Lonely Hearts Club Band“ - познатиот албум на рок групата „Битлси“.

Првата верзија на постерот е креирана пред да почине пејачот Леонард Коен. Тој почина во петокот, а Бар Кер веднаш потоа објави нов колаж постер и со неговиот лик.