Генералното собрание на ОН ќе го сослуша новиот бугарски кандидат за генерален секретар на организацијата
Генералното собрание на ОН во понеделник (3 октомври) ќе го сослуша новиот бугарски кандидат за генерален секретар на Светската организација, Кристалина Георгиева, изјави претседателот на 71-та годишна сесија на Генералното собрание Питер Томсон.
- Новиот бугарски кандидат за генерален секретар на ОН ќе биде третиран на исто ниво како и другите претенденти, истакна Томсон.
Георгиева е бугарски дипломат, а во моментов е европски комесар за буџет и човечки ресурси и поранешен економист во Светската банка, која во средата, успеа да влезе во натпреварот за највисоката функција во ОН.
Со тоа бугарската Влада ја претстави како нејзин кандидат, и ја даде потребната поддршка, која ја одземе од кандидатот Ирина Бокова, која беше номинирана во февруари.
Како што одлучи Советот за безбедност на ОН, Бугарија на листата со претенденти за функцијата Генерален секретар на ОН, ќе има двајца кандидати, Георгиева и Бокова, со тоа што Георгиева ќе се претставува со поддршка од бугарската Влада, додека Бокова во лично својство.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност