-->
-->
Генералниот секретар на Советот на Европа го поздрави договорот меѓу Атина и Скопје
-->
Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го поздрави договорот за спорот за името постигнат помеѓу премиерите на Македонија и Грција.
- Овој договор доаѓа долго време. Покажува дека зборувањето, слушањето и разбирањето на меѓусебните загрижености ни овозможува да најдеме решенија дури и за најтешките проблеми. Лидерите на двете земји членки поставија пример за соработка и добра волја за нивните земји и за цела Европа, вели Јагланд, во пишаната изјава по повод договорот.
Советот на Европа е меѓународна организација основана 1949 година, со мисија за промоција на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Европа. Во неа членуваат 47 земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово