Македонија
21. February 2016 - 16:19

Генералниот секретар на СДСМ во посета на Берово

ВМРО ДПМНЕ нема веќе легитимитет да се крие зад народот. ВМРО ДПМНЕ мора да се соочи со реалноста, мора да сфати дека Македонија ќе ја разреши политичката криза само ако имаме фер и демократски изборен процес и од тоа отстапување нема. Нема отстапување заради граѓаните на Република Македонија и заради нејзината иднина, изјави во Берово генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тим на партијата денеска во Берово и околината разговарал со граѓаните кои, како што информира СДСМ, се повеќе се охрабруваат и посакуваат промени. 

- Голем е интересот да има фер и демократски избори коишто ќе се одржат во атмосфера во која ќе се елиминираат сите досегашни притисоци и граѓаните да можат да носат одлука самостојно, и согласно со сопственото убедување, изјави Спасовски.