Македонија
1. јуни 2020 - 20:29

Генералниот секретар на СДСМ, Николовски и сопругата негативни на корона тестот

„Стигнаа резултатите од тестот за Ковид-19 и со Андријана сме за среќа, негативни на истиот, соопшти генералниот секретар на СДСМ“, Љупчо Николовски.

„Давам огромна поддршка за партиските другари на кои нема да им биде лесно периодов во изолација. Останете силни! На сите вас останати мои пријатели, ви посакувам здравје и само добро. Заедно да ги пребродиме маките. Никому не му е лесно, но мораме да стиснеме заби и да ја добиеме битката. Почитувајте ги мерките, доаѓаат подобри времиња. Ќе има време и за прослави и за собиранки и нови фотографии.

Но прво, мора да сме цврсти, решителни и да истраеме во заедничката борба против пандемијата. Без исклучок да ги почитуваме трите правила:

-Одржувај физичка дистанца од 1,5 до 2 метри
-Задолжително носи заштитна опрема
-Често миј ги и дезинфецирај ги рацете“, заклучи Николовски.