Свет
13. јуни 2018 - 8:25

Генералниот секретар на ОН го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина за името на Македонија оквалификувајќи го како пројава на лидерство во регионот и вон него“.

Портпаролот на Гутереш, Стефан Џарик изјави дека генралниот секретар на ОН „ги повикува граѓаните на двете држави да се обединат за да се придвижи процесот“.

Гутереш се надева  дека учесниците во други конфликти ќе увидат пример од тој развој и ќе работат за постигнување решенија преку преговори, додаде Џарик.