Генералниот директор на Самсунг поднесе оставка
Главниот извршен директор на Самсунг Квон Ох-хиун разно изутринава поднесе оставка. Квон (64), освен извршен директор на Самсунг, беше и потпретседател на корејскиот конгломерат, кој во изминатите неколку квартали забележа исклучителни резултати и рекорден профит. Сепак, во својата оставка, тој напиша дека компанијата ја напушта соочен со „криза без преседан, како од надвор, така и внатре“.
Самсунг, и покрај добрите деловни резултати, е погоден од голем корупциски скандал.
Имено, Џеј Ли, првиот човек на компанијата и веројатен наследник на долгогодишниот „газда“ Ли Кун-хеа, издржува петгодишна затворска казна за трговија со влијание. По неговото заминување, се очекуваше дека токму Квон да го заземе неговото место.
Медиумите истакнуваат дека неговата оставка уште повеќе зачудува, со оглед на тоа дека тој беше задолжен за одделот за производство на чипови, кој има најголеми заслуги за растот на приходите и профитот на Самсунг. Квон оцени дека „компанијата треба да почне од почеток, со нов дух и младо раководство, со цел подобро да одговори на предизвиците кои доаѓаат од брзоменувачката ИТ индустрија“.
- За среќа, сега бележиме рекордна заработувачка, но тоа е плод на минати одлуки и вложувања. Сега не сме ни близу до тоа да пронајдеме нови генератори, читајќи ги идните трендови, наведе Квон во оставката.
Квон ќе замине од Самсунг во март 2018 година, по 32 години минати во оваа фирма.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок