Македонија
22. October 2021 - 8:08

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид во Скопје

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид на покана на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во посета на Македонија.

Како што соопшти МНР, средбата со генералната секретарка, Шмид e во насока на продолжување на консултациите за подготовка на претседавањето на Македонија со ОБСЕ во 2023 година. На средбата се очекува да се разменат мислења за прашања од заемен интерес.

 По средбата Османи и Шмид ќе одржат заедничка прес конференција.