Генерален штрајк во Грција
Владејачката партија Сириза ги повика сите Грци да учествуваат во генералниот 24-часовен штрајк против политиката на штедење што самата ја спроведува, јави дописникот на МИА од Атина.
Секторот на партијата задолжен за работничките прашања, издаде соопштение „против екстремните неолиберални политики“ и истакна дека борбата ќе продолжи уште подинамично и оти ќе се бара Владата повторно да преговара со доверителите, овој пат за договор во кој повеќе акцент ќе биде ставен на прашања поврзани со работничките права.
Во соопштението се апелира до вработените, пензионерите и младите да учествуваат масовно на денешниот генерален штрајк што го организираат синдикатите.
Двата најголеми синдикати во Грција денеска организираат штрајк против мерките за штедење и контроверзните реформи на кои Атина се согласи да со цел да добие финансиска помош од меѓународните кредитори. Повикот на најголемите синдикати за 24-часовен штрајк го поддржаа и неколку помали синдикални организации.
Денеска се затворени сите владини институции, болниците работат со неопходен персонал, јавниот превоз е сведен на минимум, а метрото и железничкиот сообраќај во Атина воопшто не работат.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност