Свет
28. November 2017 - 22:07

Генерал Хоџс: Германија е најсоодветна земја за логистичката команда на НАТО

Американскиот генерал Бен Хоџс изјави дека Германија е најпогодна земја за идната команда на НАТО за воена логистика.

НАТО работи на создавањето на две нови воени седишта, едното за неговата Атланска команда, а другото за воена логистика, кои би се активирале да се заштити Европа во случај на идни воени конфликти. На конференција во Берлин, генералот Хоџс рече дека Германија е најдобриот избор за втората команда поради нејзината местоположба и поради фактот дека таму веќе се распоредени голем број американски војници. Генералот Хоџс командува со американската војска во Европа.