Свет
16. February 2017 - 9:55

Генерал Акар: Заврши операцијата во Ал Баб

Началникот на Генералштабот на турската армија генерал Хулуси Акар изјави дека турската војска и сириските опозициски сили воспоставиле контрола во градот Ал Баб, северна Сирија.

Тој додаде дека се врши деминирање во Ал Баб, кој беше под контрола на Исламска држава.

Вооружените сили на Турција и Сириската слободна армија, кои заедно дејствуваат во рамките на операцијата Еуфратски штит во последните два месеца се бореа за ослободување на Ал Баб.

Следна нивна операција ќе биде ослободување на Рака, „главен град“ на ИД.