Балкан
13. јуни 2022 - 16:41

Генчовска си поднесе оставка, 8 пратеници му откажаа доверба на Трифонов

Турбуленции на политичката сцена во Бугарија.  Денеска и Теодора Генчовска, министерката за надворешни работи од партијата Има таков народ  ја напушти владата на Петков, во која веке нема министри од партијата на Трифонов.  Но, во исто време во неговата партија се случува вистински егзодус. Осум пратеници од Има еден таков народ најавија дека ке ја напуштат групата и дека се отворени за понуди за партнерство. Во меѓувреме порачаа дека ќе делуваат како независни. Трифонов ги обвини дека се купени од Петков со пари и позиции.и дека кога ке дојде клучниот момент ке застанат зад него. Ова индиректно го потврди и пратеникот Михнев од  Продолжуваме со промените, кој  псочи дека во тек се преговори со пратеници за да се обезбеди апсолутно мнозинство за Петков.

И бугарските аналитичари се збунети од она што се случува. Тешко е да се прогнозира во моментот како ке се разреши кризава, велат тие.

Според Дечев, Македонија не е вистинската причина за политичката криза во  Бугарија, туку реформската политика на Петков насочена кон сузбивање на корупцијата во земјата. Македонското прашање е само изговор за сите оние кои под закрилата на национализмот сакаат во змејата да ја задржат статус кво состојбата.