Генчовскa: Не можам да излезам со став за францускиот предлог
Имаме многу малку информации за да донесеме одлука и поради тоа не можам да излезам со став, туку само со експертски предлог, изјави денеска шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска на седницата на Комисијата за надворешна политика на Парламентот на Бугарија посветена на разгледување на францускиот предлог за деблокада на европскиот пат на Северна Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на заседанието на Комисијата, што започна попладнево, покрај Генчовска присуствува и нејзината заменичка Весислава Петрова.
Генчовска пред членовите на Комисијата презентираше извештај од 15 страници за напредокот на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија.
– Владата на Северна Македонија има интерес да започне преговори со ЕУ. Бугарија е заинтересирана за влез на Северна Македонија во ЕУ. Има четири теми за кои има напредок во билатералните односи од мај, рече Генчовска.
Во обраќањето таа посочи и дека пред една недела бугарското Министерство за надворешни работи испратило извештај за свикување на седница на собраниската Комисија, но дека таа никогаш не се одржала.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок