Свет
10. August 2020 - 14:58

Гебреисус: Постои диспропорција помеѓу потребните и определените средства за борба против Ковид-19

Постои голема диспропорција помеѓу средствата кои се неопходни за борба против новиот коронавирус и износите што се определени за тоа ширум светот, а изнесуваат околу 10 отсто од потребните пари, изјави денеска директорот на Светска здравствена оганизација Тедрос Гебреисус.

Тој додаде дека само за вакцини ќе бидат потребни повеќе од 100 милијарди долари.

Гебреисус на редовниот брифинг во Женева истакна дека за иницијативата за развивање и дистрибуција на АЦТ акцелератори собрани се само 10 проценти од неопходните средства.

– Звучи како да се потребни многу пари, а и така е, посочи Гебреисус.