Македонија
4. April 2019 - 13:17

ГДУ: Продолжете со ова темпо, па ќе запознаете и нов економски поим

Јавен долг од 49% од БДП. Уште малку, па поминување на половина од нашето БДП. Трошење на плати и пензии, без некоја ефикасност во фискалната политика. Наместо намалување или барем стагнирање, јавниот долг во 2018 година уште ни пораснал. Ова се статистичките показатели од Годишниот извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан.

Контра на ова, има и намалување, ама на бројот на креирани, нови работни места. Ограничена динамичност на приватниот сектор и потреба од длабински економски реформи.

Епа сега, кој е во право? Владата или Светската банка? Некој не работи по правилата на статистиката. Се користат извитоперени показатели, да се покаже дека сѐ е во ред во оваа наша држава. А реалноста? Црна како никогаш порано.

Најголем број на невработени млади лица, најголем јавен долг, секојдневни задолжувања на идните генерации. Економија во рецесија. Странски инвестиции ни за лек. Вработувања само во јавниот сектор. Да ни е жива и здрава државната администрација, за да има место за истакнати членови на кланот.

Вака веќе не оди. Ќе ви се отселат и најистрајните симпатизери, па ќе си организирате избори само за себе и своја душа. Е тогаш барем имајте еден стол помалку во игра, па барем малку да имате меѓусебен натпревар. Нема да биде интересно ако сите си добиете фотелја. Ќе нема од кого да ги наплатувате даноците за вашата плата.

Сепак проверете и како сте со рејтингот кај Меѓународниот Монетарен Фонд. Дали уште имате бонитет и кредибилитет за добивање на нови кредити? Продолжете со ова темпо, па ќе запознаете и нов економски поим-БАНКРОТ. Со почит, Граѓанско Демократска Унија- ГДУ