Македонија
7. May 2016 - 16:25

ГДОМ на собири бара избори на 5 јуни, Протестирам ванадализира низ Скопје

И викендот собири и протести. Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва ќе организира собир пред офицерскиот дом во Битола. Од ГДОМ синоќа на мирните собири во Штип, Велес и Ресен  го повторија барањето за повлекување на одлуката за аболиција од претседателот Ѓорге Иванов и порачаа дека изборите се единствен излез од политичката криза во државата.

Од друга страна пак Протестирам подржани од СДСМ СОРОС и БЕСА за вечерва најавија протести пред македонската радио телевизија. Синоќа нивна цел беше Антикорупциската комисија. Демонстрантите со балони полни со боја удрија по фасадата и на оваа државна институција.