Македонија
8. May 2016 - 14:43

ГДОМ им подели боенки на демонстрантите од СДСМ и СОРОС

Граѓанското здружение за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска напладне одржа протест на плоштадот „Магнолија“ во Битола од каде порачаа да не се провоцира внатрешен судир, граѓанска војна и насилно преземање на власта во Македонија.
 
Граѓанскиот активист Владо Драмбевски истакна дека за подобрување на политичкиот систем се потребни се иницијативи, а не насилство и уништување на материјалните добра.
 
- Опозицијата е без креативност, а зад нив се кријат мрачни сили. Порачуваме наместо да ги уништуваат спомениците да земат боенки и креативно да размислуваат. Паролите од типот „да ја вратиме слободата“ не се соодветни на луѓе кои порано биле корумпирани, рече Драмбевски на собирот во Битола.