Бизнис
13. March 2018 - 17:52

Газпром: Спорот со Украина не претставува ризик за испораката на гас во Европа

 Рускиот спор со Украина околу гасот не претставува опасност за испораката на гас во Европа, изјави извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер.

Тој на состанокот со рускиот премиер Дмитриј Медведев, исто така, истакна дека за целосно расинување на договорот со Украина ќе бидат потребни две години.