„Газпром“ со нов дневен рекорд на извозот на гас - 597,9 милиони кубни метри
Шести пат есенва „Газпром“ регистрира историски дневен максимум на извозот на гас за Европа, откако вчера компанијата испорача 597,9 милиони кубни метри гас, се посочува во соопштението, цитирано од ТАСС.
Зголемувањето во однос на 10 ноември, кога беше поставен претходниот рекорд (591,7 милиони кубни метри), е за 6,2 милиони кубни метри.
Според податоците на „Газпром“ за периодот јануари-октомври 2016 година испораките за таканаречените далечни земји (земјите надвор од ЗНД) нараснаа за 10 проценти на годишна основа или за 13,05 милијарди кубни метри гас.
Во 2015 година холдингот го зголеми извозот за Европа за осум проценти, до 159,4 милијарди кубни метри.
Првиот човек на компанијата Алексеј Милер претходно изјави дека годинава извозот може да надмине 170 милијарди кубни метри, а не ја исклучи и можноста и следната година да се зачуваат вака високите износи, потсетува ТАСС.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи