„Газета експрес“: Новиот граничен премин меѓу Косово и Северна Македонија ќе се отвори во август
Новиот граничен премин меѓу Косово и Северна Македонија „Белановце-Станчиќ“ ќе биде пуштен во употреба во август годинава, објави денеска порталот „Газета експрес“.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, информацијата за порталот ја потврдил официјален извор од косовското Министерство за внатрешни работи, наведувајќи дека досегашните одлагања за отворање на преминот биле поради тоа што Северна Македонија првпат отвора заедничка гранична точка.
– Ова е првпат во Република Северна Македонија да се отвора заедничка гранична точка, затоа што во тој правец македонската страна имаше недостиг на легислатива за реализација на проектот и беше потребно доста време за донесување на законската инфраструктура, поради што доцнеше имплементацијата, вели изворот на „Газета експрес“.
Иницијативата за отворање на граничниот премин потекнува од 2011 година, а неговата изградба, со финансиска помош од Европската Унија (ЕУ), почна во јуни минатата година, кога беше поставен камен-темелникот од страна на вицепремиерите на двете земји, Бујар Османи и Енвер Хоџај и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.
Приштинскиот портал наведува дека жителите на кумановскиот регион во Северна Македонија и гњиланскиот во Косово постојано се жалеле поради не реализацијата на проектот, затоа што биле принудувани да патуваат и по сто километри за, преку граничниот премин Блаце, да стасаат до местата на другата страна на границата, кои се инаку многу блиску едно до друго.
Ново на Сител
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми