Фудбал
26. February 2021 - 9:50

Гатузо за Гранада: Ако Наполи така го убиваше времето, ќе нè имаше на насловните во весниците

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо искажа критики за начинот на кој Гранада го одигра реваншот во 1/16 финалето од Лигата на Европа. Шпанците загубија на свој терен со 1:2, но поради победата со повеќе голови на гостински терен (3:2) одат понатаму.

– Примивме апсурден гол по еден скок. Како и да е, мора да чувствуваме гордост и жалење: на два натпревари покажавме дека имаме нешто повеќе од нив. Ако италијанскиот тим го убиеше време како Гранада, ќе пишуваше за нас на насловните страници на сите весници. Ќе не извалкаа во печатот за таква игра. Во првото полувреме, играта траеше само 16-17 минути ефективно, во второто стана уште полошо. Потребна е почит, не можете да трошите по три минути на секој фаул, изјави Гатузо.

Тој ја презема одговорноста за елиминацијата, но е оптимист дека во Серија А може да заврши помеѓу четирите најдобри.

– Сега треба да останеме смирени. Јас донесувам одлуки за тактиката, јас сум одговорен за сè. Играчите треба да се фокусираат на закрепнување и на нивните најдобри перформанси.

Ако не станеме депресивни, можеме да влеземе во топ 4 во Серија А. Пред нас се 17 натпревари, изјави Гатузо за „Скај Спорт Италија“.

Во Серија А, Наполи е на 7. место со 40 бода, четири помалку од четвртопласираната Рома и 13 од лидерот Интер.