Гатузо: Наполи не може постојано да биде Бред Пит
Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, го спореди својот тим со Бред Пит. Тој рече дека понекогаш на „наполитанците“ им фали грубост.
Наполи вчера во натпреварот од 17. коло во Серија А го победи Удинезе со 2:1 со гол постигнат во самиот финиш.
– Не беше лесно. Победата е важна затоа што поразот кај Специја претходно беше удар за нас. Да се дојде до трите бода на овој начин е одлично. Драго ми е што го покажавме она што не можевме да го покажеме во средата против Специја. Видов тим кој и покрај околностите не се исклучи. Не сакам играчите да бидат обесхрабрени ако промашиме. Можеме да работиме на овој аспект, овој проблем е својствен за нас долго време и се појави дури и пред моето пристигнување. Емоцијата е важна во фудбалот, а ни недостасуваше гнев во играта против Специја. Не можете секогаш да го гледате Бред Пит во огледало, понекогаш треба да видите мрачно, грдо пајче таму, изјави Гатузо.
Наполи по 16 одиграни натпревари има 10 победи, еден нерешен резултат и пет порази и заостанува зад лидерот Милан девет бода.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација