Македонија
24. February 2021 - 16:51

Гасовод за Скопскиот регион до крајот на годината

Скопскиот регион ќе добие гас до крајот на идната година. Според планот, снабдување со гас најпрво ќе има за периферните населби од главниот град. Надлежните очекуваат годинава да се избере фирмата што ќе ја гради секундарната мрежа, со што гасот ќе стигне до фирмите и домаќинствата.

Реализацијата на делницата Скопје-Гостивар, проект вреден 29 милиони евра, би требало целосно да заврши до крајот на годинава.

При крај е и изградбата на кракот Битола-Неготино и се очекува до крајот на оваа година целиот пелагониски регион да се приклучи на системот за гас.