Гаши: Предвремени избори не се потребни
Нормално е секоја опозиција да се труди што поскоро да има избори и тоа е легитимно. Ние мислиме дека предвремени избори не се потребни. Да мислевме спротивно, пред три месеци немаше да станеме дел од ова Влада, туку ќе одевме на избори, истакна претседателот на Алтернатива, Африм Гаши по одржувањето на првиот дел од Првиот конгрес на партијата во Скопје.
– Ние мислиме дека во ваква економска и здравствена криза, заради стабилноста на државата не треба да одиме на избори, но сепак тоа е право на Собранието и 61 пратеник можат да одлучат да се оди на избори. Но, ние сме против тоа, изјави Гаши.
Гаши потенцира дека Алтернатива и се приклучи на владината коалиција за да помогне околу добивањето датум за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ.
– Ако во некој момент цениме дека со нашето излегување би се помогнало, тоа би го направиле, но ние мислиме дека треба да има Влада која активно ќе работи на постигнување на договор со Бугарија и преговорите да започнат што побрзо, рече тој.
На новинарско прашање зошто на Конгресот не е присутен пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејд, кој во неколку наврати истакна дека не е задоволен од работењето и исполнувањето на точките од политичкиот договор за влез на партијата во владината коалиција, Гаши рече дека кога станале дел од Владата никаде не посочиле дека ќе направат нешто за 100 дена.
– Кога влегувате на половина мандат не може да се обврзете на некои 100 дена, но ние одржавме една средба после стоте дена, бидејќи сакаме да им дадеме отчет на нашите гласачи, активисти и сите граѓани и тоа беше целта. Ние сакаме сите тие точки да се реализираат, но објективно кога има пречки имаме разбирање да почекаме најпогоден момент за да се стават на дневен ред. Работиме интензивно и сакаме да се реализира тоа, но од друга страна имаме разбирање. Колку ќе се реализира од тоа, ќе покаже иднината, рече Гаши.
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки