Гарет: Партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности
Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет денеска во коментар на политичките случувања во државава изјави дека партиите работат на составување влада и се истражуваат сите можности.
Многу од работите, посочи Гарет, зависат од тековните состаноци и разговори коишто сега се случуваат.
- Ситуацијата се уште не е решена, партиите работат на составување влада и ги истражуваат сите можности врз основа на изборите на 11 декември, изјави Гарет, одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Конференција посветена на споделување практики и иновативни модели за подигнување на младинската вработливост во Европа.
Изрази надеж за соработка со идната влада во насока на продолжување на реформите.
- Се надеваме дека ќе можеме да работиме со новата влада со посветеност на реформите, рече амбасадорот Гарет.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност