„Гардијан“: „Волкот од Волстрит“ бил финансиран со „валкани" пари
Хитот на Мартин Скорсезе, филмот „Волкот од Волстрит“ се соочува со обвинувања дека бил финансиран со „валкани" пари, пишува „Гардијан“.
Имено, продуцентите на филмот ќе мора на властите на САД да им платат 60 милиони долари. Таа сума е дел од парите уплатени на сметка на соработник на малезискиот премиер, кои, според весникот, се уплатени од инвестицискиот фонд на Малезија.
Соосновачот на продуцентската куќа Ред Гранит Пикчрс, која е и кофинансиер на филмот, е всушност посинок на Наџиб Разак, којшто, пак, е обвинуван за вмешаност во криминал.
Инаку, Ред Гранит во филмот на Скорсезе вложи 100 милиони долари. Филмот е приказна за подемот и падот на бизнисменот Џордан Белфорт, кого го глуми Леонардо ди Каприо.
Продуцентската куќа негира какви било неправилности, но челниците сепак одлучиле да уплатат 60 милиони долари во следните 12 месеци.
Американските власти имаат намера поподробно да го истражат овој случај, поради сомнежите дека вкупната сума неподмирени долгови е 1,7 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас