„Гардијан“: „Медена земја” ќе добие Оскар за најдобар документарен филм
„Медена земја” ќе добие Оскар за најдобар документарен филм, предвидува угледниот британски весник „Гардијан” во прогнозите на победниците во сите категории на годинашното доделување на наградите на Американската филмска академија што ќе се одржи утревечер во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.
Според Питер Бредшоу, филмски критичар на „Гардијан“, во категоријата најдобар документерец македонскиот филм „Медена земја“ ќе ги победи конкурентите: британско-американската копродукција „За Сама“, сириско-данскиот „Пештерата“, бразилскиот „На работ на демократијата“ и американскиот „Американска фабрика“.
Во втората категорија во која е номинирана „Медена земја“ – Интернационален (странски/неанглиски) филм, Бредшоу предвидува дека Оскар ќе добие јужнокорејскиот филм „Паразит“.
Во оваа категорија во трка за златната статуетка се и „Корпус Кристи“ од Полска, „Клетници“ од Франција и шпанскиот „Болка и слава“.
Церемонија на 92-то доделување на Оскарите во „Долби“ театарот во Холивуд почнува утревечер во 2 часот по полноќ по македонско време, а ќе се пренесува во повеќе од 220 земји и територии во светот.
Ново на Сител
-
СДСМ: Успешни економски политики на Владата, рекордни инвестиции од 465 милиони евра
-
Две лица се тешко повредени откако со возило „тојота“ излетале од патот
-
Приведени две лица од Косово на „Табановце“ - на пасошка контрола приложиле туѓи пасоши
-
Скопје: Приведени двајца разбојници - од 19 годишник одзеле пари
-
Нетанјаху: Нашиот одговор на тероризмот ќе биде силен, брз и прецизен
-
Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат Москва
-
Силен земјотрес во Иран, најмалку тројца загинати и стотици повредени
-
Грлиќ Радман - Дачиќ: Соработката меѓу Хрватска и Србија е во интерес на двете земји