„Гардијан“: Лондон повлекува дипломати од Брисел поради Брегзит
Британските дипломати ќе се повлечат од институционалните структури на Европската унија во Брисел за неколку дена, како што е планирано од владата на Борис Џонсон, објави „Гардијан“.
Во обид да се засили пораката дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 октомври, британските дипломати ќе престанат да присуствуваат на дневните состаноци во Брисел, пишува весникот.
Тој потег, според официјалните лица во Лондон, е во согласност со првото обраќање на Борис Џонсон во Долниот дом кога тој рече дека ќе ја ослободи британската дипломатија од европски работи.
Критичарите веруваат дека симболичкото повлекување ќе ја остави Велика Британија без увид во одлуките на ЕУ, што може да наштети на нејзиниот национален интерес.
Министерот за надворешни работи Доминик Раб најави дека ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Хелсинки кон крајот на август.
Не е познато колку долго ќе трае британското повлекување дипломати од ЕУ до 31 октомври, пишува „Гардијан“, потсетувајќи дека околу 150 постојано се присутни во Брисел, каде лобираат за британските интереси.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто