Бизнис
26. May 2018 - 16:30

Гарантиран минимален приход наместо социјална помош

Да се воведе гарантиран минимален приход бара Македонската платформа против сиромаштијата. Износот би бил повисок и замена за сегашната социјална помош .

Но примателите ќе треба да се вклучат на пазарот на трудот а не да се неактивни и да седат дома.

Кампањата е дел од европската и треба да ја пренесе пораката до надлежните како до подостоиствен живот на граѓаните и нивно вклучување во општеството. 

Од организацијата очекуваат државата да ги вклучи во јавните расправи при носењето на новиот закон за социјална заштита кој ќе стартува од следната година.  

 
Од Владата ја поддржуваат европската кампања. Информираат дека гарантираниот минимален приход ќе биде дел од новиот закон за социјална заштита. 
 
Не е познато колкав ќе биде износот и колку сумата ќе го подобри животниот стандарад на примателите. Во другите европски земји е 60 отсто од минималецот.