-->
-->
Гани: Авганистан ќе биде гробница за ИД
-->
Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска изјави дека Исламска држава е поразена во источниот дел од Авганистан, каде имаше заземено некои предели.
Гани во обраќањето пред Парламентот истакна дека авганистанските сили ги протерале силите лојални на ИД од одредени подрачја во провинцијата Нангархар, на границата со Пакистан.
Тој наведе дека Авганистан ќе биде гробница за ИД.
Џихадистите во Авганистан се присутни повеќе од една година, а властите тврдат дека поголемиот број екстремисти кои изјавуваат дека припаѓаат на ИД всушност се одметници од талибанците.
Авганистанските сили ги победија џихадистите во окрузите Ачин и Шинвар во Нангархар по 21-дневната операција, при што загинале најмалку 200 екстремисти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани