Свет
10. May 2017 - 9:44

Гана: При експлозија во фабрика повредени се 80 лица

Најмалку 80 лица се повредени при експлозија во фабрика во градот Такоради во западниот дел на Гана, јавија локалните медиуми. 

Експлозијата се случила кога од танкер било точено течно гориво. 

Претставниците на локалната пожарникарска служба соопштија дека при гаснењето на пожарот се повредени шестмина пожарникари, од кои едниот е во критична состојба.