Фудбал
31. October 2016 - 20:47

Галијани си заминува од Милан по 30 години

 
По три децении минати на местото „прв човек„ на италијанскиот фудбалски клуб Милан, легендарниот Адријано Галијани, е подготвен да го напушти тимот од Милано, доколку новите сосптвеници решат да го сменат од функцијата генерален директор.
 
Во јануари Милан и официјално треба да мине во сосптвеност на кинески конзорциум, кој на позицијата почесен претседател ќе го остави досегашниот сопственик Силвио Берлускони, но најави дека на местото генерален директор функција на која три децени е Адријано Галијани, ќе има ново име.
 
„Не сум подготвен да останам во Милан доколку не останам на позицијата генерален директор. Никој сеуште не ме контактирал околу ова прашање, но по 30 години во клубот, не би прифатил поинаква улога од онаа која ја имам во моментов“, изјавил Галијани.
 
Според најавите на италијанските медиуми, нов генерален директор на Милан треба да биде некогашниот функционер на Интер, Марко Фасоне.