Спорт плус
17. September 2019 - 20:07

(ГАЛЕРИЈА): Нова голема победа на македонските одбојкари на ЕП

Голема победа на македонските одбојкари над Словенија, на Европскиот шампионат. 
 
До својот втор триумф нашите одбојкари стигнаа во последниот меч од групната фаза и тоа со триумфот над домаќинот на „Ц“ групата Словенија  со 3:1 по сетови (26-24, 30-28, 19-25 и 26-24)
 
На самиот почеток, нашите одбојкари направија предност од 5:0 која ја одржуваа до самиот финиш, односно до 23-18. Следуваше серија на домаќините за израмнување на 23-23, но упорноста и храброста на крајот се исплатеше, па Македонија го доби сетот со 26-24, за водство од 1:0. 
 
Во вториот сет, Словенците беа оние кои имаа 4 поени предност (21-17). Овојпат нашите одбојкари во финишот направија серија од 7:1, и дојдоа до две сет топки (22-24). Но и овој сет беше решен на разлика, а за наша среќа им припадна на македонските одбојкари со 30-28 . 
 
До средината на третиот сет, Македонија имаше предност (15-12), по што домаќините направија серија од 0-7 и поведоа со четири поени разлика, предност која ја сочуваа и им го донесоа сетот со конечни 19-25. 
 
Израмнето се играше и во четвртиот сет се до 15-5, по кој Словенците создадоа три поени предност, но доволно за на крајот да го добијат сетот. По исцрпувачката борба, нашите успеаја да одбранат три сет топки на противникот (24-22). Тоа им даде и дополнителен мотив на нашите одбојкари, па со два поени во низа го добија сетот со 26-23, за конечни 3:1 во сетови. 
 
Со оваа победа и освоениот бодови Македонија избива на третото место на табелата со 5 бодови, со што останува во игра за место меѓу четирите најдобри во групата, а со тоа и пласман во осминафиналната рунда. Но, тоа најмногу ќе зависи од селекцијата на Турција која вечерва ќе играат против Белорусија, како и утрешниот меч во кој Турците за противници ќе ги имаат Финците. 
 
Доколку Турците ги добијат двата меча, што е и реалност, тогаш Македонија ќе игра во осминафиналето, во кое сигурно од оваа група се пласираат Русија и Словенија кои утре ќе играат меѓусебен дуел за престиж. 

Ново на Сител