Кошарка
27. April 2016 - 19:45

Галатасарај – Стразбур во дуел за трофејот во Еврокупот

Во второто по квалитет европско кошаркарско клупско натпреварување Еврокупот, вечерва ќе биде доделен шампионскиот трофеј.

Имено, вечерва во Истанбул ќе се игра реванш натпреварот од финалето меѓу Галатасарај и Стразбур.

Француската екипа вечерашниот меч ќе го започне со минимална предност од четири поени, откако Стразбур забележа победа на првиот дуел со 66-62.

Натпреварот кој ќе го даде шампионот во Еврокупот ќе започне од 19 часот.