Гаф на Колинда на дебатата: Рече дека „Цесарица“ и го одбележала детството, еве како Милановиќ и спушти
Зоран Милановиќ и Колинда Грабар - Китаровиќ синоќа се сретнаа во студиото на хрватската Нова ТВ и за последен пат се обидоа да ги освојат гласовите пред утрешните избори. Покрај политички прашања, обвинувања и препукувања, една интересна реплика остана забележана и омилена на социјалните мрежи.
Имено, во текот на лесните прашања за омилените книги, филмови и слично, водителот и се обрати на актуелната претседателка со прашање за омилената песна кој и го одбележала детството.
„Цесарица“, рече Колинда по што Милановиќ ја погледна и брзо констатираше дека претседателката во времето на објавата на најпознатата нумера на Оливер Драгојевиќ имала 30 години.
Иако кандидатот на СДП ги промаши годините на Колинда, зошто таа во 1993 година, времето кога е објавена оваа песна, всушност имала 25 години, неспорно е дека на 25 детството може да биде само далечно сеќавање.
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште