Свет
24. May 2017 - 8:44

Габриел: Кина има голема одговорност во однос на Северна Кореја

Кина носи голема одговорност во однос на Северна Кореја, изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, по слетувањето во Пекинг, предупредувајќи на неодамнешниот опасен развој на ситуацијата, јави ДПА. 

- Сметаме дека Кина има голема одговорност таму, но сигурни сме дека кинеската Влада е свесна за тоа, рече Габриел, кој е во еднодневна посета на Пекинг.

Тој за време на престојот треба да се сретне со кинескиот премиер Ли Кеџианг и министерот за надворешни работи Ванг Ји. 

Се очекува заканата од севернокорејската нуклеарна програма да биде важен дел од темите за кои ќе се разговара, Други теми веројатно ќе бидат трговијата и климатските промени.