Габриел: Историски договор за добрососедство
Германија го поздрави Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што денеска во Скопје го потпишаа премиерите на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов.
- Бугарија и поранешната југословенска Република Македонија денеска потпишаа историски договор за добрососедство во Скопје. Го поздравувам многу тоа што по многу години безуспешни преговори се најде консензуално решение на отворените прашања. Со тоа двете држави испраќаат важен сигнал за успешна билатерална, но и регионална соработка на Балканот и за натамошната евро-атлантска интеграција на пјР Македонија, наведува во пишаната изјава министерот за надворешни работ на Германија, Зигмар Габриел.
Шефот на германската дипломатија истакнува дека потпишувањето на договорот успеало да биде направено за помалку од два месеца од инаугурацијата на новата македонска Влада.
- Убеден сум дека новата Влада во Скопје ќе продолжи да го спроведува овој вид на конструктивна соработка консеквентно со сите соседи. Исто така, ги поздравувам напорите на новата Влада, по долгогодишна стагнација сега конечно да започне со итно потребните реформи за приближување кон ЕУ, вели Габриел во изјавата по повод потпишаниот Договор за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
Ново на Сител
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду