Габриел: Германија ја менува политиката кон Турција
Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел денеска најави низа чекори од страна на Берлин, како одговор кон Турција за притворањето германски активисти за човекови права, и ги повика Германците кои патуваат во таа земја на поголемо внимание.
- Потребно е нашата политика кон Турција да оди во нов правец... Мораме да бидеме појасни отколку досега, за одговорните лица во Анкара да разберат дека таквата политика не е без последици. Овие чекори се договорени со канцеларката Ангела Меркел, истакна Габриел.
Натаму, тој додаде дека Германија повеќе нема да разговара со партнерите од ЕУ за европските аспирации на Турција, како и дека Берлин веќе не може да биде гарант за германските корпоративни инвестиции во Турција.
Германското Министерство за надворешни работи пак, издаде соопштение до германските граѓани, во кое се вели: „Луѓето кои патуваат во Турција поради приватни или деловни причини, се замолуваат да бидат повнимателни и да се јават кај Германската амбасада дури и за кратки посети".
Турските власти претходно неделава уапсија неколкумина активисти за човекови права, меѓу кои беше и германскиот државјанин Петер Штојднер.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок