Габриел: Барањата на албанската опозиција се апсурдни
Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел синоќа и порача на албанската опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, дека протестите и нејзините барања за формирање техничка влада се апсурдни во период пред избори.
- Германија и ЕУ немаат разбирање за барањата на опозицијата да се формра техничка влада само неколку недели пред изборите. Германската Влада смета дека бојкотот на Парламентот не е начин да се изрази волјата на народот, посочи Габриел по средбата со неговот албански колега Дитмир Бушати во Тирана.
Тој, како што јави дописникот на МИА, ја повика албанската опозиција да го прекине бојкотот на Парламентот, да не ги блокира правосудните реформи и да учествува на парламентарните избори закажани за 18 јуни.
Албанската опозиција, која протестира без прекин од 18 февруари, барајќи формирање техничка влада што „ќе спроведе слободни и фер избори“, освен бојкотот на Парламентот, не се регистрираше ни за учество на престојните јунски парлментарни избори.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та