Македонија
9. February 2016 - 14:40

ФЗОМ: Ханета и Ивана се уште немаат конзилијарно мислење за да одат на лекување во странство

Во врска со апелите за лекување во странство за осигуреното лице Х.С.  Фондот презема активности и стапи во контакт со родителите, при што утврди дека нема конзилијарно мислење од соодветна македонска здравствена клиника, нема поднесено барање за лекување во странство и поради тоа закажа преглед на Универзитетската клиника за ортопедија во петок, каде лекарите ќе го дадат својот наод и стручно мислење. Доколку биде поднесено барање за лекување во странство, Фондот во законски утврдените рамки ќе донесе одлука.

11-годишната Ханета Салиу боледува од деформитет на ‘рбетот. Дел од нејзината дневна рутина се третманите потребни за подготвување за операција која треба да се изврши по две месеци во болница во Анкара.

Истовремено, ФЗОМ информира во врска со апелот за донација и на осигуреното лице И.П. чии родители Фондот ги контактираше и исто така утврди дека сеуште немаат добиено конзилијарно мислење, ниту пак имаат доставено барање до Фондот, поради тоа закажан е преглед во петок на Универзитетската клиника за ортопедија, за да можат лекарите да дадат наод и стручно мислење.

Малата Ивана Прочкова од Богданци боледува од сколиоза (искривување на ‘рбетот) од најрана возраст. Ивана денес има 9-години и потребно е да направи операција во Неустад – Германија која чини 50.000 евра.

Фондот максимално брзо одговори ќе излезе во пресрет и ќе одговори на барањето за лекување во странство за осигурените лица, доколку е конзилијарно потврдено од соодветните клиники и во согласност со законските прописи.