Македонија
23. April 2019 - 8:47

ФЗОМ ги зголеми квотите за лекови за април поради морбилите и сезонските алергии

Поради сезонските алергии и прогласената епидемија на морбили на територија на цела држава, но и и по направена сондажа за искористеност на квоти за месец април на приватните здравствени установи аптеки која изнесува 85 до 90 отсто, Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување донесе одлука за линеарно зголемување на квотите за дополнителни 12.000 денари. Ова зголемување е обезбедено за секоја здравствена установа – аптека, освен за апеките со максимална месечна квота од 650.000 денари и ќе важи само за месец април, соопштија од ФЗОМ.

Фондот континуирано ја следи достапноста до лековите на рецепт и работи на обезбедување подобра снабденост со лекови во текот на целиот месец.

Фондот продолжува внимателно да ги следи состојбите со достапноста на лековите на рецепт во аптеките. Ова го прави со цел осигурениците да може да ги подигнуваат потребните лекови во аптеките, во близина на нивното место на живеење, велат од ФЗОМ.