Спорт плус
6. December 2016 - 19:09

Футсал „Скопје 2016„: Португалија - БиХ 4:3

Футсал репрезентацијата на Португалија ја постигна првата победа на турнирот „Скопје 2016“ што се игра во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“.  Португалија на вториот ден ја совлада БиХ со 4:3, иако противникот водеше со 2:1 на полувреме.
Головите за Португалија ги постигнаа: Андре Коељо два и Марсио и Бруно Коељо по 1, додека за Босна и Херцеговина стрелци на по еден гол беа: Марио Алајџиќ, Јосип Бошковиќ и Дејан Павловиќ.
Утре во рамките на третиот ден од турнирот играат Македонија и Португалија, а почетокот на натпреварот е во 17 часот.