Loading Video...
Фудбал
30. August 2019 - 12:19

ФУТСАЛ: Шкупи против Локомотива во дуел за 1.место во квалификациската група за ЛШ

Македонскиот првак Шкупи е домаќин  на Б групата на пред-квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите. 

Со двете убедливи победи на велшкиот тим Кардиф Универзитет 5-0 и вчеравечер над Енкамп од Андора која ја победи со 11-1, екипата на Шкупи е на чекор до обезбедување на првото место во групата, а со тоа и пласман во следната квалификациска рунда. 

Вчерашниот убедлив триумф над Андорците, и убедливата гол разлика, на македонскиот првак му дава шанса и со нерешен резултат во мечот против Локомотив Даугавспилс од Летонија да остане на првата позиција. 

Двете екипи досега имаат по две победи, но Шкупи има гол разлика од +15, а Летонците +8. 

Дуелот за првото место на програмата е утревечер од 20 часот.