Спорт плус
14. October 2015 - 15:27

Футсал: Шампионот патува во Пескара

Италијанскиот град Пескара ќе биде домаќин на Б- групата од елитната рунда од УЕФА Футсал купот.
 
Според денешната ждребка нашиот шампион Железарец ќе игра  против екипите на Пескара, Хале-Гоик од Белгија и Тулпар Караганди од Казахстан.
 
Екипата на Пескара од Италија е домаќин и во елитната група се пласираше со три победи во претходната фаза, но од првиот шешир доаѓа вториот преставник на Казахстан, екипата на Тулпар Караганди.
 
Третиот противник на нашиот шампион е екипата на Хал-Гоик од Белгија која како Железарец беше второпласирана во главната рунда со шест освоени бодови.