Спорт плус
9. February 2016 - 9:08

Футсал ЕП: Полуфинале за Србија и Шпанија

Репрезентациите на Србија и на Шпанија обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство во футсал што се одржува во Белград.
 
Србија во првото четвртфинале со голот на Милош Симиќ во претпоследната секунда стигна до победата од 2:1 во дуелот со Украина. Противник на Србија во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Русија и Азербејџан.
 
Репрезентацијата на Шпанија пак беше убедлива во четвртфиналето против Португалија и постигна победа од 6:2. Нивни ривал ќе биде подобриот од дуелот Италија – Казахстан.
 
Вечерва се играат двата четвртфинални натпревара: 
Русија – Азербејџан (почеток 18:30 часот) и 
Италија – Казахстан (почеток 21 часот).