Македонија
25. April 2019 - 16:17

Функционерите почнаа да ги повлекуваат вработените роднини по повикот на Заев

Сите функцинери од власта, меѓу кои пратениците на СДСМ Александар Кирацовски, Костадин Костадинов и Мира Стојчевска, како и министрите – Крешник Бектеши и Асаф Адеми за кои вчера Антокорупциската комисија утврди дека влијаеле во вработувањето на нивни роднини во јавна администрација или јавни претпријатија не чувствуваат одговорност и негираат непотизам.

Сепак, дел од роднините ќе се повлечат од работните места откако  премиерот Зоран Заев повика на одговорност и повлекување во знак на почитување на одлуките на независното тело за спречување на корупцијата.

Заев и денеска со истата порака.

Иако прозван пратеникот Костадинов вели немал никакво влијание при вработувањето на сопствената мајка во Централниот регистар во Струмица.

 „Мојот случај е завршен. Јас мајка ми ја повлеков уште пред каква било одлука на Антикорупциската комисија. Не сум имал никакво влијание при нејзиното вработување, а во разговор со неа одлучивме да се повлече од етички причини. Ја охрабрувам Комисијата да продолжи со својата работа и очекувам во скоро време да отвори и да донесе одлуки за случаите на непотизам на претходната власт која беше поим и пример за тоа“, коментира пратеникот Костадинов.

Пред одлуката на Антикорупциска, Кирацовски пак, од државна администрација го повлече таткотот на неговата сопруга, но сега комисијата го прозва за вработувањето на мајката на сопругата и неговата сестра. Кирацовски побарал и тие да се повлечат, но тврди дека не влијаел на одлуката за нивно вработување.

 „Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра, Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја, како нивна лична одлука. Привилегии, партизација и непотизам не се вредности на СДСМ, не се ниту ќе бидат мои вредности, коментира генералниот секретар на СДСМ на Фејсбук.

Министерот Бектеши се уште се мисли дали да побара повлекување на неговата сестра од МЕПСО бидејки и самата анктокоруцоија имала само забелешка околу адресата на живеење на сестрата.

„Комисијата не утврди непотизам при вработувањето на мојата сестра. Она што го утврди Антикорупциската комисија за нашиот случај е административен порпуст да се пријави новата адреса на живеење, па останало да и јас и сестра ми да сме на иста адреса. Тоа е ситен прекрошок и кога ќе стигне решението ќе ја платиме глобата. Јас ги почитувам законите во државата“, ни изјави министерот.

Пратеничката Стојчевска и министерот Адеми не ни одговорија на повиците.

Од најзасеганатите институции или претпријатија Централен регистар, МЕПСО и ЕЛЕМ одговор испрати само директорот на Централниот регистар Марија Бошковска. Таа тврди дека Кирацповски не влијаел за вработувањето на неговата сестра, иако местото било креирано пред самиот оглас и било побарано факлултет за географија за место во секторот за маркетинг.

Опозциската партија не е изненадена од одлуките на Антокорупција бидејки за нив оваа власт е симболот на корупцијата и непотизмот.

Прекршочни пријави од Антикорупциска доби и претседателот Ѓорѓе Иванов за указите за  именувањето на офицери од страна во предизборието. Од неговиот кабиент велат дека се работи за политичка одлука.