-->
-->
Фудбалските натпревари се кратат на 60 минути?!
-->
Можете ли да замислите еден фудбалски натпревар за 60 минути? Комитетот на Меѓународната фудбалска асоцијација (IFAB) може.
Додека некои фанови од најважната секундарна работа во светот да испијат една чаша освежувачки пијалоци, играта е веќе завршена! Скратување на натпреварите на 60 минути е само една од промените за кои ќе се дискутира во наредниот период, во рамките на "Fair Play" кој започна на 15 јуни.
Двапати по триесет минути и стопиран часовник за секоја пауза ќе послужат за да се забрза играта и да се спречи одолговлекување на играта во која ефективно се игра помалку од еден час.
Најавена и е и построга казна за голманот, кој според новите правила се уште ќе има шест секунди за да ја врати топката во игра, но судиите ќе мора да обрнат повеќе внимание на тоа како голманот реагира.
Според новите предлози по одбранетиот удар од пенал акцијата би се прекинала и топката би му припаднала на тимот кој бил казнет со најстрога казна, потоа нема да има продолжување на играта бидејќи специјален семафор со можност за стопирање на времето би имало на секој стадион и слично.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор