Живот
13. February 2016 - 18:21

ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО ШОК: Легендата почина од срцев удар!

Синоќа ненајдено во својот дом во Велико Трново почина една од легендите на бугарскиот фудбал Трифон Иванов.
 
Причините за смртта не се познати, но се претпоставува дека имаат врска со срцето бидејќи лани тој преживеа инфаркт по што му беше вграден стент.
Последните години од животот Иванов ги помина во родното место, каде го преводеше зонскиот фудбалски потсојуз.
 
Тој ќе остане запаметен како член на златната генерација на бугарската репрезентација која го освои четвртото место на Светското првенство во САД пред 22 години. Заедно со Стоичков, Костадинов, Пенев, Лечков, Сираков, Боримиров, Михајлов итн, тој беше неизоставен дел од стартната постава која го шокира светот и стигна до полуфиналето каде загуби од Италија. Тој имаше огромен удел во самиот пласман на тој мундијал бидејќи во еден од клучните натпревари во квалификациите , против Русија година претходно, то постигна победничкиот гол.
 
За бугарската репрезентација, Иванов одигра 77 натпревари и постигна шест гола, а во кариерата, освен во ЦСКА Софија, играше уште за Бетис, Ксамакс, Рапид и Австрија Виена.