Фудбал
9. јуни 2016 - 10:56

Фудбалерите најплатени спортисти

Кристијано Роналдо е најплатениот светски спортист, објави магазинот Forbesс.Роналдо минатата година заработил 88 милиони долари.
 
Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата на листата на најплатени спортисти во светот која ја објавува Forbes, бидејќи во изминатите 15 години на врвот се менуваа голферот Тајгер Вудс и боксерот Флојд Мејведер.
 
Роналдо, минатата година заработил 88 милиони долари и е прв на листата, а зад него е уште еден фудбалер, Лионел Меси со заработка од 81,4 милиони долари.
 
Роналдо и Меси се единствените фудбалери меѓу првите 20 на листата на Forbes. Меѓу 20-те најплатени има шестмина играчи во НФЛ лигата, четворица голфери, три НБА ѕвезди, двајца тенисери, двајца пилоти во Формула 1 и еден боксер.
 
Зад Роналдо и Меси се кошаркарот Леброн Џејмс (77,2 млн долари), тенисерот Роџер Федерер (67,8), кошаркарот Кевин Дурент (56,2), тенисерот Новак Ѓоковиќ (55,8)..